Пролет издржа само едно полувреме, Еурофарм запиша убедлив триумф!

Еурофарм Работник славеше во четвртото коло од плејофот во Суперлигата против Тинекс Пролет со убедливи 31-19.

Тинекс имаше подобар почеток од екипата од Битола, па стигна до водство од 3-2, но потоа Битолчани со серија од 4-0 стигнаа до 6-3, по што следуваше сигурна игра на Еурофарм и предност од 13-9 на полувреме.

Во второто полувреме Еурофарм имаше моќен старт со серија од неколку погодоци за водство од убедливи 19-10, кое подоцна порасна и на 24-13, а Тинекс едноставно немаше решение во одбраната, па на крајот славеше тимот од Битола со 31-19.