Повикот за спас станува популарен: Кога може Вардар зошто не и - РК Прилеп!

Сергеј Самсоненко објави дека се повлекува од РК Вардар, но само по неколку дена беше објавено дека „црвено-црните“ повторно ќе се кренат и тоа од сезоната 2020/21, откако се појави можност да остане и Самсоненко со помал удел, но и да се приклучат неколку други моќни компани за финансирање на поранешниот европски шампион. Сепак, на социјалните мрежи се појави нов повик за спас и тоа од поранешниот ракометар Боро Шокоски за РК Прилеп.

Бившиот ракометар испрати јавен повик за спас на клубот од Прилеп, а неговата иницијатива ја поддржа и самиот клуб. Тој смета дека поранешниот вицешампион на Македонија и освојувач на Куп не смее да се распадне, а во продолжение следува целосната негова објава.

ФОТО: РК Прилеп