Потег од срце: Вардар првата честитка за пласман во финалето ја доби од - најголемиот ривал! (ФОТО)

Во минатото се тепаа на паркетот, се надмудруваа со соопштенија, но кога во прашање е интересот на македонскиот ракомет и на целата држава воопшто, тогаш ривалитетот се заборава и веднаш од срце се честита.

Со ваквата премиса се водеа челниците на Металург, дефинитивно најголемиот ривал на Вардар низ историјата, кои буквално со звукот на сирената ја испратија својата честита до црвено-црните за пласманот во финалето со желба и таму да одиграат како вечерва и повторно да станат европски шампиони.

„Браво Вардаре“, беше џентлменската порака од Автокоманда, која предизвика симпатии кај македонската спортска јавност.