Поранешен тренер на Загреб ќе биде нов предводник на Пелистер!?
Регионалните медиуми тврдат дека преговорите се во завршна фаза и дека Тамше наскоро ќе седне на клупата на битолскиот тим, во обид да ги поправи резултатите на тимот и да ги оствари целите за оваа сезона. Тамше има 46 години и 15-годишна тренерска кариера која ја почна како помошник во Горење. По заминувањето на Ивица Обрван, тој ја презеде функцијата шеф на стручниот штаб и освои три шампионски титули во Словенија. Подоцна пет години го водеше Цеље со кого освои 14 од можни 15 трофеи во словенечкиот ракомет, а девет месеци помина и на клупата на Загреб со кого триумфираше во Купот и првенството на Хрватска. Подоцна работеше во катарскиот Ал Рајан, а последниот ангажман го имаше во Нексе од каде си замина во февруари оваа година.
По заминувањето на Ангеловски, Звонко Шундовски како привремено решение го водеше Пелистер на последните три натпревари, два во Лигата на шампионите и еден во домашното првенство. Под негово водство, битолскиот тим вчера ја оствари првата победа во ЛШ оваа сезона и прва по пауза од 19 години.