Пелистер не игра со Лемго, ама пак му се „крена“ паркетот! (ФОТО)

Пелистер денеска против Бутел го игра првиот меч од новата сезона во ракометната Суперлига, но пред дуелот се случи нешто невообичаено, што потсети на еден сличен настан од 1996 година.

Поранешниот член на управата на Пелистер и бивш водач на „Чкембари“, Никола Пискачев на Фејсбук објави фотографија која покажува дека во салата во Битола повторно се „кренал“ паркетот, нешто што се случи на мечот против Лемго на 30 март 1996 година, кога поради притисокот од преполните трибини, паркетот попушти.