Пелистер лесно се справи со Пролет за четврта победа во Суперлигата

Пелистер лесно се справи со Пролет и триумфираше со 32-26 во пресметката од четвртото коло во Суперлигата за да остане перфектен како и најголемиот ривал и првак Вардар, кој во Битола денеска го победи „помладиот брат“ на битолската гордост.

За разлика од есеноска кога Пролет го намачи Пелистер, денеска скопскиот тим немаше шанси против битолчани, кои првпат сезонава играа со привремено тренерско решение (Божидар Мојсов) откако завчера отстапи Ларс Валтер после неуспешната европска авантура, па брзо Пелистер дојде до три предност која ја надогради на највисоки плус шест на средина од првиот дел за да го трасира патот кон обедата.

После 19-14 на полувреме, Пролет успеа да се врати во мечот и да дојде на достижни два негатива, но разликата од два-три предност за домаќините, скопјани не успеаа да ги стопат и комплетно да се вратат во мечот, па неколкуте неискористени можности ги казнија битолчани за полека да се одлепат до највисоките плус седум (30-23) на две минути пред крајот и да триумфираат.

Ненад Костески со седум и Мартин Велковски со шест беа најефикасни кај Пелистер, а Ласко Андоновски даде осум кај Пролет.

Пелистер и Вардар имаат максимални четири победи и по 12 бода пред првото меѓусебно дерби за титула во Скопје на 26 март од 17 часот.