Пелистер извлече реми против Пролет во финишот

Пелистер и Пролет ремизираа 23-23 во рамки на последниот натпревар од 5.коло во ракометната Суперлига. 

Битолчани катастрофално го почнаа натпреварот и по 20 минути игра имаа постигнато само еден гол, односно скопскиот тим водеше со 7-1. Пред паузата Пелистер се разигра и резултатот гласеше 8-9 на полувремето. Пролет повторно се одлепи, овој пат на +5, но во финишот Пелистер успеа да се избори за реми 23-23.

СУПЕРЛИГА 5.КОЛО
Пелистер - Пролет 23-23
Работнички - Металург 27-43
Радовиш - Металург 2 49-34
Вардар Ј. - Охрид 23-28
Бутел - Струга 32-18

ТАБЕЛА
1. Металург 13
2. Охрид 12
3. Бутел 12
4. Пролет 11
5. Радовиш 9
6. Пелистер 5
7. Работнички 4
8. Вардар Ј. 3
9. Струга 1
10. Металург 2 1