
Пелистер и официјално го претстави Кузмановски
Кузмановски позираше во зелено-белиот дрес со број 18, а пред медиумите покажа задоволство што ќе ги брани боите на битолскиот тим во следниот период.
Пелистер го пријави Кузмановски и за натпреварите во Лигата на шампиони (ЛШ), па така македонскиот првак ќе биде во конкуренција за настап в среда против ПИК Сегед.
Македонскиот репрезентативец првите ракометни чекори ги направи во Пелистер, а играше и за Металург и Е. Работник пред да замине во Германија, каде што играше за Магдебург, Хановер и Вецлар.