Пелистер добро се испоти за победнички да го отвори турнирот во Струга

Македонскиот вицепрвак Пелистер победнички тргна на јубилејниот 50-ти струшки турнир откако славеше со 27-23 против домаќинот Струга, но битолчани добро се испотија за да дојдат до стартната победа во групата А.

Иако се очекуваше лесна победа, Пелистер дури во завршните десетина минути успеа да ги скрши жилавите стружани за да дојде до воведната победа во групата во која Татран Прешов и АЕК ќе го играат вториот меч во истата во ова прво коло, а битолчани во четврток ќе се судрат со Татран зашто утре се слободни.

Мечот кој поради лошите временски услови беше преместен за во салата „Нико Нестор“, многу подобро ја отворија стружани кои постојано беа во водство, а пелистерци бркаа негатива, која до крајот на првиот дел ја достигнаа и на паузата заминаа со гол предност (13-12), а во вториот дел сѐ до 47-та минута Струга имаше активен резултат, по што Пелистер со триминутна серија дојде до 22-19 и исчекори кон победата, а пресуди поголемиот квалитет на битолчани за до крајот да дојдат до конечните 27-23.

За Пелистер играа сите новаци кои дојдоа во Битола како засилувања за новата сезона.