Охрид се засили со искусен пикер кој доаѓа од Металопластика!

Иако ракометниот клуб Охрид нема да игра во квалификациите за пласман во Лига Европа, со оглед на тоа дека не побара „вајлд-карта“, сепак тимот денеска се засили со ново име - Игор Чагаљ, кој доаѓа од Металопластика.

Станува збор за 26-годишен ракометар кој игра на позитијата пивотмен, кариерата ја има почнато во Пролетер, а кратко време минал и играјќи во Словенија и во Германија.

Инаку, Охрид останува со едно учество во европските купови во последниве десеттина години. Охриѓани беа дел од квалификациите за пласман во тогашниот Куп на ЕХФ во 2017 година, тогаш го поминаа холандски Волендам, а потоа загубија од Порто.