Охрид рутински го победи Бутел и се врати на третото место

Охрид ја оправда улогата на фаворит против Бутел и запиша уште една победа, тимот на Стевче Алушовски славеше со 33-28 во салата „Билјанини извори“.

Со денешниот меч меѓу Охрид и Бутел се комплетираше осмото коло од плејофот во ракометната Суперлига.

Охрид уште на почетокот ја наметна својата игра, Бутел се обидуваше да парира, имаше свои моменти, но домаќинот го контролираше мечот. На паузата се замина со предност од 18-13 за орхиѓани. Во вториот дел тимот на Алушоски ја одржаваше предноста и на крајот славеше со 33-28.

Цирар со шест погодоци беше најдобар стрелец кај Охрид, по пет постигнаа Ојлески и Јукиќ, во составот на Бител најефикасен беше Филип Николов со девет гола.

Охрид со денешната победа се врати на третата позиција на табелата, зад Пелистер и Вардар, а пред Алкалоид.