Охрид го шокираше Пелистер среде Битола и му го загрози и второто место на табелата! (ВИДЕО)
Беше многу жешко во Битола на ракометното дерби, Охрид како победник си оди дома и сега е израмнет бодовно со Пелистер, двата тима имаат собрано по 42 бодови. Но, битолчани имаат многу потежок распоред до крај, а треба допрва да гостуваат и во Охрид, па многу лесно може да ја загуби и втората позиција на табелата.
Мечот беше изедначен во целиот тек, двете екипи се менуваа во водство, на полувремето битолскиот тим имаше водство од 13-11.
На почетокот од второто полувреме дојдоа и до три гола позитива, беше 16-13, но потоа следуваа минути на Охрид по кои направија комплетен пресврт и поведоа со 18-17. До крајот на мечот беше исклучително тензично и возбудливо. А дуелот заврши со гол во последната секунда за Охрид кој им донесе победа од 27-26.
Најефикасен во составот на Охрид беше Стрмљан со пет голови, по четири дадоа Јагуриноски и Ќосевски, за Пелистер, Манасков реализираше шест пати, Кузмановски даде четири голови.
По 26 одиграни кола Вардар е лидер со дури осум бодови предност, Пелистер и Охрид имаат по 42 бода, а четврти е Алкалоид со 40.