„Тој би бил идеален селектор на Италија - повраќавме на неговите тренинзи“
Италијанската фудбалска федерација е во потрага по наследник на Џенаро Гатузо, се бара човек кој ќе го врати сјајот на Италија и конечно ќе ја однесе на Светско првенство.
Џакерини смета дека актуелниот тренер на Наполи, Антонио Конте е идеално решение за селекторската позиција. Тој добро го познава од деновите кога му беше тренер во Јувентус.
„Тој е лидер на кој можете да се потпрете кога е тешко. Тој ги подготвува своите играчи за битка како војници, што е токму она што е потребно сега. Конте има начин на работа што ви влегува под кожа. Ако го следите, растете. А за него, играчите даваат сè од себе. Тој знае како да создаде единствена врска со групата. Успева многу брзо да ги пренесе своите идеи. На теренот, секогаш знаете што да правите затоа што сте го вежбале тоа илјада пати на тренинг, до точка на исцрпеност“, вели Џакерини.
„Се сеќавам на тренинзите во Коверчијано каде што повраќавме. Ни требаа маски за кислород до крајот. Ќе си одевме целосно исцрпени. Тренингот беше брутален, но на теренот летавме. Ни кажа дека нашата мисија е да играме добро и дека мора да бидеме војници подготвени за битка. Немавме суперѕвезди, но нашата глад направи разлика“.
„Тој е најдобар. Ќе нè врати на Светското првенство. Тој веќе покажа дека може успешно да ја води репрезентацијата. Неговата кариера кажува сè: ги обнови Јувентус, Интер и Наполи. Истото би го направил и со Италија, сега повеќе од кога било“.