Во екот на војната, стигнал до граница и рекол: Немам документи, но мора да одам на - погребот на Дражен!

Смртта на големиот кошаркарски тренер, Душко Вујошевиќ го погоди целиот регион, Хрватите се потсетуваат на неговата човечност и фанатизмот за кошарката кој не познавал националност.

Вујошевиќ е роден во Подгорица, но беше Југословен во права смисла на зборот. Беше тренерска икона на Партизан, но беше сакан и почитуван од сите.

Хратскиот „Јутарни“, меѓудругото потсетува дека во јуни 1993 година, додека Вујошевиќ беше тренер на Бреша, се случи смртта на Дражен Петровиќ. Иако во тој период имаше војна, Петровиќ како граѓанин на она што остана од Југославија, не му било лесно да влезе во Хрватска, тој со својот автомобил сигнал до границата, го паркирал и на цариниците им кажал кој е, им кажал и дека нема документи, но мора да оди на погребот на Дражен...

Дуле Вујошевиќ имал многу пријатели во Хрватска, а еден од оние со кои бил најблизок бил Данко Цвјетиќанин.

„Дуле ми го обележа животот и кариерата. Станува збор за човек кој беше целосно посветен на кошарката. Беше неверојатен фанатик. Беше неверојатно оптоварен со работа и дисциплина, бескомпромисен во воспитувањето на своите играчи, и сè отиде до точка каде што ги ставаше играчите за кои мислеше дека не ја сакаат кошарката настрана или ги елиминираше. На пример, закажуваше тренинзи во шест часот наутро, а кој и да не дојдеше веќе не беше во тимот. Во секој од нас ја всади идејата дека кошарката е најважна работа и дека сите достигнувања во неа се постигнуваат само преку работа. Таа посветеност на кошарката беше неверојатна“, се сеќава Данко, кој пристигна во Цибона од Партизан и со неа стана европски шампион.