Пеколен пречек во Барселона: Настрада автобусот на Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид вечерва ѝ гостува на Барселона на „Камп Ноу“ во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ), но домашните навивачи имаа пеколен пречек за гостинските фудбалери.

„Диарио Спорт“ објави видео од автобусот на Атлетико кој бил оштетен при пристигнувањето во Барселона, откако навивачи кон него фрлале тврди предмети.