Охрид без мака ја совлада Струга во езерското дерби

Ракометарите на Охрид ја продолжија победничката серија во Суперлигата, откако денеска триумфира со 29-23 против Струга.

„Езерското дерби“ не понуди големи возбудувања затоа што Струга беше лоша во нападот во првиот дел, додека Охрид постигна дури 18 голови и замина на паузата со двоцифрена предност (18-8).

Охрид се опушти во вториот дел, па ѝ дозволи на Струга повеќе да игра на теренот, но и да постигне голови само за да го ублажи поразот на крајот (23-29).

Охрид по 13 одиграни меча има 21 бод, додека Струга остана на 10. позиција со четири бодови.