УЕФА даде „зелено светло“: Барселона ги израдува своите навивачи!
Откако заврши најголемиот дел од реновирањето на стадионот, „Камп Ноу“ повторно е подготвен да прими навивачи, а Барселона соопшти дека арената ќе биде домаќин и во Лигата на шампиони (ЛШ).
Натпреварите против Ајнтрахт Франкфурт и Копенхаген ќе се играат на култниот стадион во Барселона.