Очекувано: Вардар собра најмногу награди во изборот на Град Скопје

Градот Скопје денеска ги доделува наградите за спорт за 2019 година, а очекувано најмногу одличја доби ракометниот клуб Вардар, кој минатата сезона ја освои Лигата на шампиони, СЕХА-лигата и домашното првенство. 

Капитенот на РК Вардар, Стојанче Стоилов е најдобар спортист на Град Скопје, додека зад него завршија борачите Могамедгаџи Нуров (3.место СП), Елмедин Сејфулахи (5.место ЕП), пливачот Евгениј Поп Ацев и каратистот на Макпетрол Петар Заборски (2.место Европски Универзитетски игри).

Вардар е прогласен за најдобар спортски клуб во Скопје, а ракометарот на „црвено-црните“, Даинис Криштопанс е најдобар странски спортист. 

Во женска конкуренција, најдобра спортистка е каратистката Сара Радичевска, а по неа следуваат Анамарија Георгиевска (Таеквондо), Адријана Поп Арсова (Маратон), Дрита Ислами (атлетика) и каратистката Сајра Морина.

Најуспешен тренер е Суфијан Исмаили од боречкиот клуб Лирија.

ВО ОСТАНАТИТЕ КАТЕГОРИИ

Најуспешни  5 спортисти во младинска категорија (мажи и жени)

1. Бесир Алили – Боречки клуб Лирија (1 место на Европско првенство за кадети)

2. Петар Спасеновски – Карате клуб Макпетрол (1 место на Европско првенство)

3. Филип Додевски – Таеквондо клуб Бутел (1 место на Светско клупско првенство; 3 место на Европско првенство – У 21)

4. Ангела Мојсовска – Карате клуб Макпетрол (5 место на Светско првенство – У 21; 3 место на Европски Универзитетски Игри)

5. Миа Тодорова – Кикбокс клуб Шампион (3 место на Светско првенство)

Категорија најталентиран млад спортист – кадет

1. Александра Симева – Тениски клуб Тенис Парк (Победник на два големи меѓународни турнири)

Најуспешен спортист во категоријата на лица со посебни потреби

1. Марио Мицковски – Специјална Олимпијада (1 место во пливање – 50 м. слободен стил и 1 место во пливање - 25 м. грбно на Летни олимписки игри на Специјална Олимпијада)

2. Стефан Прентовски – Специјална Олимпијада (1 место во пливање – 50 м. слободен стил на Летни олимписки игри на Специјална Олимпијада)