Металург се засили со поранешен голман на Вардар

Поранешниот голман на Вардар, Даниел Ѓорѓески, по неуспешната сезона во Пелистер, се пресели во Пелистер, кадешто ќе го сочинува голманскиот тандем со Даниел Дупјанчанец.

Екипата од Автокоманда летово остана без Никола Даниловски, кој се пресели во Охрид, и Мартин Томовски, кој ја продолжи кариерата во Лудвигсхафен.

За Металург ова е петто засилување летово, откако претходно во клубот пристигнаа Реваз Чантурија, Милан Поповиќ, Маријан Мариќ и Лука Вујовиќ.

Металург подготовките за следната сезона планира да ги почне на крајот на месецов, односно на 29 јули.

ФОТО: РК Вардар