Металург се измачи против Струга, но на крај славеше во Автокоманда

Металург потешко од очекуваното ја совлада Струга со 32-25 во македонската Суперлига и запиша нови бодовои на табелата.

Гостите играа многу добро во првото полувреме, па во финишот од првото полувреме успеаа да стигнат до 14-11, но сепак Металург намали на 13-14 на полувреме.

Во второто полувреме Струга се бранеше успешно од клубот од Автокоманда, но во финишот од мечот Металург го скрши гостинот и на крајот славеше со 32-25.