Кузмановски: Самите сме виновни за поразот, исти грешки ни се повторуваат

Вардар вчера во Скопје славеше против Пелистер во големото ракометно дерби, а по натпреварот самокритичен беше капитенот на битолскиот состав, Филип Кузмановски.

Како што вели Кузмановски, Вардар со ништо не ги изненаадил и за поразот смета дека самите се виновни.

„Ни се повторуваат истите грешки. Бевме мотивирани максимално, добро го познаваме противникот, ги победивме мечевите пред стартот на сезоната, како во Суперкупот, тогаш бевме подобро спремни. Вардар не не изненади со ништо, самите сме виновни, треба добро да анализираме и да ги решиме нашите проблеми ако сакаме да се вратиме. Ќе биде психолошки тешко, бидејќи играме против Охрид на домашен терен, а знаеме дека после долги години домашната лига е навистина подобра. Ќе биде потребен фокус, не е лесно д се игра во домашното првенство и во Лигата на шампиони, но имаме добри играчи, одиме понатаму да го оствариме зацртаното“, изјави Кузмановски.

По пет кола во Суперлигата, Вардар единствен максимален, додека Пелистер покрај поразот од Вардар има и реми со Алкалоид.