Кузманоски има нов предизвик - ќе му биде тренер на Прилеп

Поранешниот македонски репрезентативец Горан Кузманоски веднаш си пронајде нов предизвик, односно ќе седне на кормилото на Прилеп.

На Кузманоски му заврши соработката со Еурофарм Пелистер, па тој во следната сезона ќе го предводи новиот суперлигаш, кој наскоро треба да ги претстави новите засилувања за што е можно подобар пласман на табелата.

Кузманоски има богата кариера, во која играше за Пролет, Вардар, Мталург, Пелистер, Трелеборг, Мадеира, а најдолго остана во Одорхеи во период од 2011 до 2018 година.