Куманово го турна Пелистер 2 во зоната за испаѓање од Суперлигата

Ракометарите на Куманово одиграа одличен натпревар против Пелистер 2 и триумфираа со 29-23 со што го скокнаа ривалот на табелата и сега се на место кое носи опстанок во Суперлигата.

Куманово одигра одлично прво полувреме кое му припадна со 14-9, додека во вториот дел Пелистер 2 се обидуваше да се врати во игра, меѓутоа домаќинот беше пресилен и оствари триумф од 29-23.

Екипата на Куманово со оваа победа скокна во безбедната зона, додека Пелистер 2 е на место кое носи бараж за опстанок во елитата.

Прилеп претходно го совлада Голден Арт со 26-23 и направи голем чекор во однос на ривалите.