Комити спектакуларно ги дочекаа ракометарите на Вардар пред „Јане Сандански“ (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар со синоќешната победа над директниот ривал Пелистер (26-23) речиси ја одбрани шампионската титула, која донесе огромно задоволство кај црвено-црната армија навивачи бидејќи клучниот триумф беше обезбеден на жешкиот терен на противникот.

Дел од најверните фанови на вардарци се најдоа на трибините во салата во Битола, а голем дел од нив, заедно со тие што останаа во Скопје им направија спектакуларен дочек на избраниците на тренерот Давид Дејвис.

Пиротехника имаше во голема количина, факели гореа на сите страни, а долго време пред салата „Јане Сандански“ ечеа вардаровите песни во знак на радост за одбранетата круна.