Јуве ја продолжи агонијата на Сити, Барса со победа се враќа од Дортмунд (ВИДЕО)

Јувентус со 2-0 го победи Манчестер Сити кој никако да се опорави од лошата форма во која се најде, во меч со пет голови Барселона со 3-2 ја победи Борусија во Дортмунд, Арсенал со убедливи 3-0 го совлада Монако.

Влаховиќ во 53. минута му донесе гол на Јувентус за водство од 1-0, а Мекени на 15 минути пред крајот ги реши дилемите околу победникот.

Интересно беше во Дортмунд каде Барселона ја совлада Борусија со 3-2, Феран Торес беше херојот на каталонскиот тим. Сите пет голови беа постигнати во вториот дел.

Рафиња во 53. минута донесе водство на Барса од 1-0, но само седум минути подоцна Гуераси изедначи на 1-1.

Во 75. минута Торес ја врати предноста на Барса, но три минути подоцна Гуераси повторно стапува на сцена и овојпат изедначува на 2-2.

Сепак на пет минути пред крајот Феран Торес даде уште еден гол, Барса поведе со 3-2 и го задржа водството до крај за значајна победа.

Арсенал со два гола на Сака и еден на Хаверц со убедливи 3-0 го совлада Монако.

Штутгарт со истиот резултат од кој загуби од Црвена звезда, денеска го совлада Јанг Бојс, беше 5-1. Швајцарскиот тим ги загуби сите шанси за прогрес во следната фаза.

Најмногу голови имаше во Холандија на дуелот меѓу Феенорд и Спарта Прага каде домаќините победија со 4-2.

Погодоци немаше единствено во Лисабон каде Бенфика и Болоња одиграа 0-0.