Тренерот на Ц. Звезда распука по судиите: Ова е голема срамота за Лигата на шампионите!
Впечаток е дека Црвена звезда не заслужи да загуби на Сан Сиро, но на крајот Милан ги освои трите бода од овој меч. Голот на Абрахам е спорен, гостите сметаат дека имаше фаул во шеснаесетникот кој не беше досуден.
„Мојата прва мисла е дека немам мисла, не знам што би кажал. Досега не сум зборувал за судиите, спортист сум. Молчев, трпев, но ова е невидено и срамота за Лигата на шампионите. Од почетокот на играње во Лигата на шампионите како да имаат некој проблем со нас. Ова денеска не сакам ни да го коментирам, судијата не свиреше чист фаул“, вели Владан Милојевиќ.
„Ќе ви кажам сега по првпат, класичен пенал не ни свирнаа и во Монако. Не не сакаат, постојано ни се случуваат вакви работи. Ако на ваков начин треба да победи еден клуб како Милан, тоа е грдо“.