Официјално: Саудиска Арабија домаќин на Мундијалот во 2034 година!

Светското фудбалско првенство во 2034 година и официјално ќе се одржува во Саудиска Арабија, потврди денеска ФИФА.

Мундијалот четири години претходно ќе се одржи во три држава: Мароко, Шпанија и Португалија, додека Саудиска Арабија самостојно ќе биде организатор. За Светското првенство во 2030 е интересно и што ќе започне со натпревари во Аргентина, Уругвај и Парагвај каде што ќе се одиграат само првите средби по повод јубилејот од стогодишнината од првиот Мундијал.

Саудиска Арабија така ќе стане првата држава која ќе организира самостојно Мундијал со 48 репрезентации. Одлуката на ФИФА да се игра во оваа земја сигурно ќе помине со многу критики од јавноста, но тимот на ФИФА кој ја проценувал ситуацијата информираше дека ниту една од понудите во историјата не добила повисока оценка од сегашната на Саудиска Арабија.

Организирањето на Мундијалот во Саудиска Арабија очекуваат да биде само уште еден чекор за промоција на земјата откако претходно започнаа да доведуваат големи фудбалски имиња во нивното првенство.