Карачиќ се присети на лудиот пресврт против Барселона (ФОТО)

Помина точно една година откако на денешен ден ракометарите на Вардар ја забележаа епската победа на Ф4 турнирот во Келн, откако во полуфиналето славеа над Барселона со 29-27 иако на полувреме губеа со 16-9.

Во вториот дел во тој период, излезе сосема „поинаков“ Вардар па од „мртвите“ се врати во голем стил, победувајќи ја големата Барселона.

Овој триумф ќе остане запаметен како еден од најголемите во македонскиот спорт, а на него денеска се присети и Игор Карачиќ, кој на овој Ф4 турнир беше прогласен за МВП. Тој објави фотографија од Ф4 турнирот во Келн кога заедно со своите тогашни колеги ја освоија втората европска титула.

Инаку, во моментов Карачиќ е член на полски Кјелце, но се почести се шпекулациите за евентуално враќање во редовите на Вардар.