Гедбан се збогуваше со Вардар: Ви благодарам за моментите кои ќе ги паметам засекогаш!
Гедбан заедно со „црвено-црните“ успеа да ја освои Лигата на шампиони, а преку Инстаграм се збогуваше со Вардар.
„Денеска сакам да ја искажам мојата благодарност за минатите две години во Вардар. Ми се оствари сонот да играм покрај најдобрите ракометари во светот. Да се освои Лигата на шампиони, СЕХА лигата и македонското првенство се спомени кои нема да ги заборавам. Му благодарам на Вадар што ми даде шанса да го кренам знамето на мојата држава на најголемата сцена. Големо благодарам до соиграчите кои беа покрај мене и ми направија да се чувствувам како дома. посебно до Столе, чие име секогаш мора да го споменете покрај Вардар. Капитен и лидер, но и голем пријател. Исто така, големо благодарам до фановите без кои Вардар немаше да успее да достигне вакви успеси бидејќи тие се страв и трепет за противниците“, напиша Гедбан.