Еурофарм Пелистер ја прегази Струга со 25 разлика

Еурофарм Пелистер останува перфектен по три одиграни натпревари во ракометната Суперлига откако денеска ја декласираше Струга со 45-20. 

На полувремето битолчани водеа со 22-11 по што беше јасно дека момците на Жељко Бабиќ ќе остварат убедлива победа. 

Божиќ-Павлетиќ постигна осум голови за домашниот тим, додека Мандалиниќ и Табода имаа по шест погодоци. Дукоски со пет голови најмногу се истакна кај стружани.