Е. Пелистер го промовираше Обрадовиќ: Ова е клуб со голема традиција и амбиција

Еурофарм Пелистер се засилува за следната сезона во која ќе сака да ја прекине доминацијата на Вардар, а екипата од Битола денеска го промовираше новото засилување Немања Обрадовиќ.

Обрадовиќ доаѓа во Битола по неговите авантури во Полска, Белорусија и Хрватска, а и претходно настапуваше во македонското првенство во екипата на Металург во сезоната 2016/17.

„Еурофарм Пелистер е клуб со голема традиција и амбиција, а секоја година го забележувам напредокот. Минатата сезона решаваа нијанси. Среќата во спортот често е пресудна. Верувам дека оваа сезона ќе може подобро да се претставиме. Нè има повеќе и ќе има повеќе ротации, но ќе има и повеќе натпревари. Ковид-19 го промени ракометот. Навивачите во Битола се важен фактор, а сите знаат дека фановите тука се многу страствени и живеат за овој спорт. Ако ги има на трибините, тоа ќе биде голем плус за нас“, вели Обрадовиќ.