Џекпот за битолчани: Еурофарм Работник со Кузмановски ќе брка место во СЕХА!

Македонскиот ракометен репрезентативец, Филип Кузмановски сезоната ќе ја доигра во дресот на битолскиот прволигаш Еурофарм Работник, со кого ќе проба да се вмеша во борба за едно од местата кои водат во СЕХА-лигата.

Потписот доаѓа само неколку часа откако заврши сагата со неговото заминување од Металург и тоа поради големи долгови кои овој клуб ги има кон него. Амбициозните битолчани неколку години наназад се обидуваат да дојдат до регионалното натпреварување, желба која со помошта на Кузмановски би можела и да им се оствари сезонава.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by HC Eurofarm Rabotnik (@hceurofarmrabotnik) on

Тоа ќе биде интересна борба за втората позиција на табелата со доскорешниот тим на репрезентативецот, со оглед што Вардар и покрај големите промени во тимот, сепак, сѐ уште делува недопирлив за останатите македонски клубови.