Примениот гол во стотата минута ја чинеше Шкендија 267.000 евра!

Македонскиот шампион, Шкендија синоќа беше на секунди до втората победа во Конференциската лига, но прими гол во десетата минута од судиското продолжение.

Примениот гол на Шкендија и одзема два бода со кои ќе беше многу блиску до пласман во нокаут фазата од Конференциската лига, но тој несреќен погодок ја чинеше и убава финансиска добивка.

Ако Шкендија го добиеше дуелот, на сметката ќе легнеа 400.000 евра колку што е наградата за секоја победа. Наместо таа сума, тетовскиот тим ќе треба да се задоволи со 133.000 евра, колку што носи бод во Конференциската лига. Разликата меѓу двете суми не е мала, 267.000 евра.

Бодовите кои ги собира Шкендија се значајни и за рејтингот на македонскиот клупски фудбал кој е важен за бројот на клубови кои ќе ги имаме во европските натпреварувања.

Во наредната сезона македонскиот фудбал ќе има три преставници во Европа, но благодарение на резултатите на Шкендија во сезоната 2026/27, повторно ќе бидеме со четири екипи.