Групацијата Иуте ги објави резултатите за 9 месеци од работењето во 2025
Групацијата Иуте од Талин - банкарска групација која обезбедува кредитирање, плаќања и посредување во осигурување на пазарите во Југоисточна Европа под чијашто капа работи Иуте Македонија, ги објави неревидираните резултати за работењето во првите 9 месеци од 2025 година.
Компанијата сигурно и стабилно го исполнува стратешки зацртаниот план кон прераснување во дигитална банка, демонстрирајќи силен и стабилен раст, со подобрување на сите финансиски индикатори, со исти оперативни трошоци.
Вкупните приходи изнесуваат 91.5 милиони евра, со пораст од 9.4% споредбено со истиот период минатата година, додека вкупната нето добивка порасна за 13%, изнесувајќи 8.5 милиони евра.
Бројот на активни корисници порасна на 265 илјади, додека вкупните средства се зголемија на 486 милиони евра, што претставува раст од 17% во споредба со истиот период лани, поддржани со силна капитална структура и добро избалансирано портфолио на средства за финансирање.
Износот на исплатени кредити порасна за 7,5%, достигнувајќи рекордно ниво од 299.6 милиони евра (9M/2024: 278,6 милиони евра) – севкупниот фокус останува на подобрено управување со ризиците и сегментација на корисници.
Услугите за електронски пари и дигитално осигурително-брокерско посредување го надминаа растот на примарната кредитна дејност, играјќи голема улога во вкупната нето добивка, со очекувања за дополнителен пораст.
„Групацијата испорача дисциплиниран стабилен раст и притоа ја подобри ефикасноста, испорачувајќи одлични резултати, со инвестиција во процесите на автоматизација, машинско учење и наука базирана на податоци, со цел креирање на дополнителна вредност за корисниците и експанзија на еко-системот, пришто само за поддршка на овие дигитални процеси беа инвестирани повеќе од 12 милиони евра. Сево ова значи балансирана структура на долгорочни извори на финансирање, потврда на одличниот стратешки пристап до пазарите и агилност во процесите на прилагодување, продолжувајќи силно и стабилно кон зацртаните цели во наредната година“, посочи Тармо Силд, Извршен Директор на групацијата Иуте.

Иуте Македонија како дел од групацијата Иуте во последните 9 месеци оствари силни финансиски резултати. Приходите достигнаа 18,2 милиони евра (+19% годишно), додека нето добивката изнесува 4,3 милиони евра, што претставува зголемување за 167% во однос на 2024 година. Кредитното портфолио порасна на 47,1 милиони евра (+44%), вкупната актива достигна 56,5 милиони евра (+47%), а сопствениот капитал се зајакна на 10,5 милиони евра.
„2025 година ја одбележуваат фокус и дисциплина, a добрите резултати се должат на растечката употреба на апликацијата MyIute, автоматизирани и дигитални процеси и силна партнерска мрежа. Растеме континуирано, но со јасно поставен приоритет – квалитетно портфолио и стабилен модел на финансирање. Имплементираме дигитални решенија, автоматизација и напредна аналитика во процесите, со што постигнуваме мерливо зголемување на продуктивноста и премиум корисничко искуство, додека истовремено обезбедуваме внимателно и одговорно управување со кредитниот ризик “, изјави Нина Мојсова Ќосева, Директор на финансии на Иуте Македонија.
Стратешките инвестиции на групацијата во следниве 5 години се очекува да надминат 60 милиони евра, во линија со растот на активното корисничко портфолио и нето добивката.
Ова е уште една потврда на заложбата на групацијата и нејзините земји членки на имплементирање на последната технологија, дигитални решенија, брзина и флексибилност, овозможувајќи им на корисниците целосна контрола преку мобилни и онлајн платформи и обезбедување на целосно дигитални решенија за плаќања.
Целиот сумиран извештај и преглед е достапен тука.