Фудбалска легенда на Челси и Реал ќе ја бира најубавата девојка во светот!
Организаторот на манифестацијата објави дека 52-годишниот фудбалер е дел од жирито на престижниот Мис Универзум кој се одржува по 74. пат.
Макелеле на фудбалскиот свет му се промовираше како фудбалер на Реал Мадрид каде беше од 2000 до 2003 година, по што се пресели во Челси и стана икона на тимот од Стемфорд Бриџ. Кариерата ја заврши во ПСЖ. Има 71 настап за Франција.
Тој важи за еден од најдобрите фудбалери на позицијата дефанзивен играч од средниот ред на сите времиња.