МОК на прес-конференција додели признанија на - стенд ап комичари!?

Спортската јавност вчера беше изненадена од објавата на социјалните мрежи од страна на Македонскиот олимписки комитет (МОК) дека челниот двоец на оваа организација им „оддало признание“ на стенд-ап комичарите, Атанас Атанасовски и Валентин Костадиновски (Тино и Атанас), најногу што тоа нема апсолутно никаква врска со – спортот.

Фактот што „измамувале насмевки кај присутните на своите настани“ беше причина претседателот Даниел Димевски и новиот генерален секретар, Ѓорѓи Тасев, да се појават на пресот и да додела посебна плакета во име на Куќата на олимпизмот. Далеку од тоа дека двоецот Тино и Атанас не заслужуваат награди, тие дефинитивно се можеби најдобри во тоа што го работат, но МОК е последната институција што треба да им додели признание, па уште и да се пофали со тоа.

И додека двоецот Димевски-Тасев користи можности за „пи-ар промоција“, во спортските кругови постои револт од сумите кои деветмина кандидати за настап на ЛОИ 2028 ги добија како стипендии за обидот да дојдат до собирот во Лос Анџелес. МОК за сите месечно издвојува вкупно 9.000 долари, а најниска е стипендијата на најдобриот македонски пливач, Никола Ѓуретановиќ, кој секој месец ќе добива по „дури“ 400 долари.