
Довчерашен играч на Алкалоид е најново засилување за Охрид
Нов играч на Охрид е повремениот македонски репрезентативец Давид Савревски кој треба да биде алтернатива на десната бековска позиција. Има 22 години, а веќе долго прволигашко искуство, настапувајќи за Алкалоид, каде играше претходните три сезони и за Вардар.
Во неговата биографија засекогаш ќе остане титулата од ЕХФ Европскиот куп во кој триумфираше со Алкалоид, а Савревски учествуваше со четири постигнати голови.