
Денис Тот бил претепан во скопски ноќен клуб, снимките - избришани!
Официјална потврда се уште нема, но според анонимни извори Тот бил нападнат ноќта среда кон четврток
„Тоа се случило во ноќниот клуб 'Привилиџ', а снимките од инцидентот се избришани. Некој знае што прави“, објави „Вечерњи лист“ изјава од анонимен извор, наводно, близок до случувањата таа вечер.
Инцидентот го потврди и помладиот брат на Денис Тот, Борис, кој исто така е ракометар, поточно голман во холандското првенство. Родителите на Хрватот веќе биле во Скопје и се трага по мотивите за нападот врз него. Неофицијално, бил претепан со тврди, тапи предмети, кои му предизвикале скршеници и тешки повреди. Во моментов се уште бил во кома.
Денис Тот има 27 години и настапува во Бутел, откако минатото лето направи трансфер од екипата на Охрид, каде што помина две сезони. Има настапувано во шпанскиот Адемар Леон, а потекнува од Ѓаково.