Борис Тот: Не знам како е брат ми, моите родители веднаш заминаа за Скопје!

И хрватските медиуми ја пренесоа веста за Денис Тот, кој со тешки телесни повреди се наоѓал во болница во Скопје, наводно откако бил претепан од непознати сторители. Веста, до синоќа, не беше официјализирана ни од клубот, ни од полицијата, но затоа потврди братот на Денис, за хрватски „Вечерњи лист“.

Помладиот брат на Денис Тот дал кратка изјава со која го потврдил немилиот настан, иако не располагал со детали.

„Нашите родители се на пат за Скоје, меѓутоа немаме премногу информации за тоа што се случило“, изјавува Борис, кој е голман и настапува во холандското првенство.

Според првичните информации, Денис Тот бил пренесен во болница вчераутро, со тешки повреди и скршеници и во животна опасност. Наводно, повредите му биле нанесени од тврди, тапи предмети.