
Претепан ракометар на Бутел - се бори за живот!
Неофицијално се работи за хрватскиот интернационалец Денис Тот, кој сезонава го носи дресот на Бутел, а лани играше за Охрид. Тој бил примен во болница со бројни повреди и неколку скршеници и се наоѓа во животна опасност.
Засега нема информации што точно се случило, дали ракометарот бил нападнат од неколку лица или учествувал во тепачка.