Дејан Манасков потпиша за Пелистер, на лето доаѓа и голманот Митревски!
Успешно завршија преговорите меѓу Дејан Манасков и Пелистер, поранешниот ракометар на Вардар ќе го облече зелениот дрес на битолскиот тим.
Манасков стави потпис на едно ипол годишен договор со Пелистер, неговиот ангажман наскоро и официјално треба да биде потврден.
Покрај Манасков, навивачите на Пелистер наскоро ќе го поздрават и својот Никола Митревски кој од следната сезона се враќа во Битола.
Македонскиот репрезентативен голман кариерата ја почна токму во Пелистер, за нив бранеше и во сезоната 2019-2020 година, па за Митревски ова ќе биде трето поглавје во битолскиот клуб.