Червар: Наскоро ќе решам дали останувам во Металург, не ме прашувајте веќе за тоа!
Пролетва тој им стана селектор под ветување дека ќе стане од тренерското столче во „Автокоманда“ и ќе се посвети целосно на „коцкестата“ репрезентација, но не само што ја заврши претходната сезона, туку еве ќе ја почне и новата.
Во интервју за „Вечерњи лист“ вели дека уште решава некои работи и веќе да не го прашуваат на оваа тема.
„Решавам уште некои работи, па во Металург сум на неодредено време. Не оди сè преку ноќ, на брзина. Наскоро сè ќе биде решено и немојте веќе да ме прашувате за тоа, бидејќи немам друг коментар“, одговори Червар.
Целото интервју можете да го прочитате на овој линк.
фото: rkmetalurg.mk