Бутел го реши Тиквеш и се пласира во плејофот на Суперлигата
Првото полувреме понуди голема борба на паркетот и предност од три голови на Бутел (17-14), по што во вториот дел скопскиот тим ја презема контролата.
Кавадарчани не успеаја да одговорат на нападите на Бутел, кој на крајот славеше со 33-25.
Најефикасен во победничкиот тим беше Дејан Михајловиќ со седум голови, додека Димитар Коцев запиша осум погодоци за Тиквеш.