Пелистер 2 ја распарчи Струга и чека помош од Тиквеш

Ракометарите на Пелистер 2 ја декласираа Струга со 39-23 во последното коло од регуларниот дел на Суперлигата и сега чека помош од Тиквеш во дуелот против Бутел.

Битолчани беа расположени против Струга во првото полувреме и постигнаа дури 17 погодоци, а примија 11.

Пелистер 2 ја контролираше играта и во второто полувреме, а на крајот триумфира со 39-23, а најефикасен во победничкиот тим беше Петар Марковски со 13 голови.

Екипата од Битола чека услуга, односно победа од Тиквеш затоа што во спротивно Бутел со триумф би скокнал до петтата позиција и ќе го истурка Пелистер 2 од топ-6.