Монако се врати од 0-2 и со пресврт го шокира лидерот Ланс

Фудбалерите на Монако беа подобри од Ланс со 3-2 во фантастичен меч во 23. коло од француската Лига 1.

Ланс по три минути поведе со голот на Едуард, а потоа Туван зголеми на 2-0 на почетокот на второто полувреме.

Балогун го најави пресвртот во 62. минута кога погоди за 1-2, а само осум минути подоцна Закарија израмни на 2-2.

Фати беше човекот кој ги постави конечните 3-2, откако во 72. минута ја затресе мрежата на Ланс.

Фото: Facebook/Monaco