Барнли во 93. минута му ја „украде“ победата на Челси (ВИДЕО)
„Сините“ тргнаа одлично и по само четири минути постигнаа гол преку Жоао Педро, а проблемите за гигантот од Лондон почнаа во 72. минута по исклучувањето на Весли Фофана.
Барнли напаѓаше во финишот од средбата, а до бод стигна дури во 93. минута кога Зиан Флеминг успеа да погоди за 1-1.
На останатите натпревари, Астон вила ремизира против Лидс (1-1), додека Брајтон го совлада Брентфорд со 2-0.