Битола, конечно, го доби Еурофарм Пелистер!

Долгојнајавуваната фузија меѓу двата ракометни тима од Битола, утрово, конечно, се случи. Еурофарм работник и РК Пелистер потпишаа договор со кој се споија и станаа - Еурофарм Пелистер.

Ова не значи дека во Битола сега ќе има само еден ракометен тим, ќе останат два, но сега ќе бидат Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2. Првиот ќе се натпреварува во СЕХА-лигата и во ЛШ, а вториот ќе игра во домашната Суперлига и во иднина се очекува да биде расадник со млади ракометари и нови таленти.

Во спогодбата меѓу клубот и Општина Битола, се договориле во следните пет сезони буџетот да изнесува минимум 60 милиони денари годишно, односно еден милион евра, од кои општината е должна да покрие една четвртина, односно 15 милиони денари.

Ова беше иницијатива, за која долго се нагодуваа од клубот и од општината, а со заедничка желба на ракометната јавност повторно да имаат еден силен гигант, кој ќе го држи градот Битола на ракометната мапа на Европа уште долго време, можеби и ќе му се закани на Вардар за титулата во македонското првенство.