Алушовски: Задоволен сум од сезоната, исполнивме три од четири цели!

Вардар славеше во вториот меч против Металопластика и обезбеди четвртфинале во СЕХА-лигата, по што се збогуваше со тренерот Стевче Алушовски и дел од ракометарите.

Алушовски по последниот натпревар кажа дека бил задоволен од сезоната и тоа што оствариле три од четирите цели кои ги имале.

„Честитки до момците за покажаната игра и борбеноста на теренот. Тешко е на последен натпревар затоа што сите со мислите веќе се во новите средини или дома. Задоволен сум од текот на целата сезона, три од четири цели остваривме. Тешко е да се игра на крај на сезоната, добија шанса и тие што не играат често, но видовме дека не оди, па моравме да се спасуваме од 7-1 за да победиме на крај“, вели Алушовски.