Ракометарите на Алкалоид во својата дебитантска сезона во македонското ракометно елитно друштво обезбеди директен пласман во Европската лига и како вицепрвак ја завршува сезоната после втората побед аи вториот шок што му го приредија вечерва на најтрофејниот клуб Вардар со победата со 25-21 во последното коло во Суперлигата.

Алкалоид уште на полувреме најави дека во СЦ „Јане Сандански“ е дојден повторно да победи, откако во првиот дел од Суперлигата во Автокоманда направи изненадување со победата против црвено-црните за да го врати Пелистер во шампионската трка, само една недела откако вардарци ги распарчија во скопје битолчани, па до крајот на сезонава, црвено-црните го пораз во Битола го предадоа тронот, се сопнаа во Кавадарци за да му овозможат на Алкалоид шанса за второ место и „фармацевтите“ тоа денеска го искористија.

Вардар кој цела една деценија дминираше во македонскиот ракомет, со 15 титули е најтрофеен, не памети кога последен пат бил третопласиран во македонскиот ракомет, а лошиот почеток на мечот ги донесе на минус четири пред полувремето (8-12), со два негатива заминаа на пауза (10-12) и во 47-та минута дојдоа до егал 18-18, но тука застанаа.

Благојче Талески со извонредни одбрани и со голови на Стојковиќ и Џонов, Алкалоид исчекори кон победата, дојде на плус три (21-18), а четири пред крајот со гол на Серафимов ги донесе дебитантите на плус четири и ја обезбеди победата.

Серафимов заврши со шест гола, додека Талески, Дутра и Георгиевски дадоа по четири кај Вардар, кој сега ако добие воопшто дозвола да игра во Европа од ЕХФ ќе мора преку квалификации да брка пласман во Европската лига. Вардар лани доби суспензија за Европа поради финансиски долгови.

За Талески и Куни Моралес ова беше последниот меч во црвено-црниот дрес и пред мечот беа испратени на печалба со врамени дресови. Талески продолжува во Бенфика, а Моралес во ППД Загреб.