Алкалоид со победа се враќа од незгодното гостување во Кавадарци

Ракометарите на Алкалоид со пресврт во второто полувреме дојдоа до победа од 28-23 на гостувањето кај Тиквеш во Кавадарци.

Алкалоид го доби и шестиот меѓусебен дуел против Тиквеш. Кавадаречкиот тим одигра добро прво полувреме, но падна во вториот дел.

Во првиот дел и двата тима имаа свои периоди, Алкалоид тргна фуриозно со 4-0, но како одминуваше времето Тиквеш ја топеше негативата и успеа да го сврти резултатот во своја полза. На паузата домаќините водеа со 14-13.

По советите на Лазаров во соблекувалната, Алкалоид заигра подобро, брзо го врати водството, а на крајот славеше и убедлива победа од 28-23.

Најдобриот ракометар на Алкалоид, Марко Митев беше најефикасен кај победничкиот тим со седум голови, на спротивната страна Манасков реализираше осум.